|
Ви благодарам за поврзувањето со Микрософт.
Во врска со Вашиот е-маил сакам да Ви кажам дека највероватно се работи за проблеми со драјвери на видео картата. Затоа ве советувам ги инсталирате драјверите (кои можете да ги симнете од страницата на производителот доколку немате компакт диск со нив) и доколку тоа не помогне обидете се да ги инсталирате најновите видео кодеци кои можете да ги симнете од интернет. Се надевам дека ова ќе Ви биде од помош но доколку остана нешто неразјаснето од наша страна слободно контактирајте не. Со Почит, Оддел за поддршка на клиенти / Customer Service Representative Микрософт Македонија / Microsoft Macedonia
Ова е одговорот кој го добив по e-mail и би сакал да додадам дека пред инсталација на SP3 беа инсталирани најновите драјвери за мојата графичка карта (ATI Radeon HD3650) симнати од веб страната на AMD како и најновата верзија на kLite Codec Pack. На интернет по форуми налетав на луѓе со истиот проблем меѓутоа никаде не наидов на конкретен одговор. Дали овој проблем се јавува само при инсталација на SP3 на Windows XP со SP1 незнам но предпоставувам бидејки на стариот компјутер имав SP2 пред да инсталирам SP3 и не ми се појави ваков проблем со оглед на фактот дека таму имам и постари драјвери за графичката карта (ATI Radeon 9200) како и постара верзија на kLite Codec Pack.
Дали се работи за изолиран случај, можеби но морам да приметам од искуство дека SP3 знае да направи проблеми.
|